logo
logo
logo

ПАРИ ЛИ СЕ?! Место во вселенското летало на Џеф Безоз чини САМО 2,5 милиони долари. Ситница!

Vecer | 19.05.2021

ПАРИ ЛИ СЕ?! Место во вселенското летало на Џеф Безоз чини САМО 2,5 милиони долари. Ситница!

„Blue Origin", приватната ракетна компанија на милијардерот Џеф Безос, објави дека моментално највисоката понуда за место на вселенското летало New Shepard е 2,4 милиони долари во вториот круг од аукцијата.

Компанијата соопшти дека примила повеќе од 5.200 понуди од 136 различни земји во првиот круг на аукцијата, чија најголема понуда не беше објавена додека не заврши рундата.

Вториот круг започна со почетна понуда од 1,4 милиони долари, според податоците на веб-страницата Blue Origin. Процесот ќе трае до 10 јуни и ќе заврши во последната фаза на 12 јуни, со онлајн аукција во живо.

Датумот на летот е 20 јули.

Ракетната компанија го одбра 20 јули за прв суборбитален лет со разгледување на своите летала, пресвртница во конкуренцијата што ќе започне нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk