Видео

Сам си извадил заб и се снимил, заради забава!

Ова дефинитивно не правете го дома!

Стоматологот Рустам Јакјаев (24) од Русија си извадил самиот заб со помош на огледало, пренесува Дејли меил, а целиот процес го снимил заради забава. 

Јакјаев имал проблем со умникот, а немал асистент, па бил приморан самиот да си ги скрати маките. 

„Направив рендгенска снимка пред тоа, која покажа дека забот е оштетен и дека мора да биде изваден„, рекол рускиот стоматолог.

„Не беше тешко, а не беше ни болно затоа што претходно си дадов анестезија“, додал. 

Јакјаев навел и дека ова искуство за него било добро и интересно, како и дека не очекувал толкаво медиумско внимание. 

Погледнете:

Поврзани

Најнови вести

Коментари