Некои луѓе сонуваат за свој дом и доста им е да живеат под кирија или кај родителите. Тогаш решаваат да преземат чекор а таков е и примерот на Томас Лир, кој работи како столар и сам си изградил куќа.

Тој на својот проект започнал да работи на само 17 години и за две години го завршил својот рустикален дом, за кој не плаќа кирија.

Сега има 21 година, а вели дека користел рециклирани дрва за да изгради куќа на земјиштето на неговото семејство во Бристол, во која има кујна и дневна соба комплет со кревет за четворица.

Има изолација, но има потреба и од греење, бидејќи нема централно греење. Воедно ја користи дождовната вода и има хемиски тоалет – сето тоа е вклучено во вкупната цена од само 6.000 фунти кои ги потрошил.

Само сакав да живеам едноставен, живот без стрес. Прекрасно е да се има 21 година и да не мора да ги трошам сите пари на кирија. Јас поседувам сè и ми е олеснување. Единствено што ми недостасува во нормална куќа е просторот затоа што имам многу работи што едноставно не можеа да се вклопат во мојот нов дом, вели Томас.

Додава дека немал каде да стави врата за бањата па само ставил завеса, а за туширање користи вода од системот за собирање дождовница кој што складира 50 литри вода.

– Јас сум во можност да користам топла вода пет минути пред да стане ладна. Потребни се 30 минути повторно да се загрее, рече тој.

Се користела секоја педа од просторот во малечкиот дом, а Томас морал да спушти дрвена скала од таванот за да може да се искачи до неговиот кревет.

Поголемиот дел од работата ја завршил сам, користејќи видеа на Јутјуб или барајќи совет од своето семејство.

– Имам многу мало искуство со водовод, поради што мојата бања е основна, но е поврзана со рустикална и рурална тема, додаде тој.

– Мојот дедо, кој има 82 години, работеше на моја електрична инсталација, а еден пријател помагаше тука и таму. Татко ми помогна во поставувањето на водоводот. Но, сè друго направив сам – секој викенд го посветував на куќата, истакна Томас.

Најпредизвикувачкиот дел бил покривот, затоа што морал да се осигура дека нема да протекува.

Сега се надева дека ќе започне сопствен бизнис заснован на искуство.