logo
logo
logo

Во сродство е во кралското семејство

Платила БРДО ПАРИ за да личи на БАРБИ: „Отсекогаш сакав да изгледам како пластична кукла" (ФОТО)

Vecer | 26.01.2023

Платила БРДО ПАРИ за да личи на БАРБИ: „Отсекогаш сакав да изгледам како пластична кукла" (ФОТО)

29-годишната Британка потрошила 10.000 фунти (12.000 евра) на козметички зафати. Првпат ги оперирала градите во раните дваесетти години, а сега тежат дури четири килограми.

Имено, Доли Микс потекнува од семејство кое е поврзано со кралското семејство, но никогаш немала чувство дека се вклопува со нив. Оваа 29-годишна девојка отсекогаш сакала да личи на Барби. Сакала да има руса коса, големи гради и огромни усни.

Тоа и се оствари па сега го живее својот сон.

"Мојата цел е да изгледам повеќе пластично отколку човечко. Отсекогаш сакав да изгледам како пластична кукла", рече таа

Доли потроши повеќе од 10.000 фунти за да го постигне посакуваниот изглед

Таа тврди дека отсекогаш била уметничка душа, но дека нејзиниот татко никогаш немал „уво“ за овој вид уметност, односно не ја поддржувал.

"Го немам видено моето семејство долги години. Не ме поддржуваат во потрагата по мојот идентитет. Има толку многу грди зборови кои моето семејство ги користеше за да го опишат мојот изглед. Ми рекоа дека сум одвратна и дека изгледам страшно. " изјави Доли.

Таа додаде дека планот на нејзиното семејство бил да се омажи и да има многу деца.

„Мојата крвна линија е многу важна и оди доста далеку во кралското семејство. Постојано се обидуваа да ме поврзат со синовите на богатите земјопоседници. Тоа навистина не ми се допадна“, додаде таа.

Доли се преселила во Лондон од нејзината семејна куќа во Бат во раните дваесетти години за да може слободно да живее, а почнала и да чита еротска литература и порнографија.

Оттогаш, со текот на годините, таа потрошила 10.000 фунти (12.000 евра) на козметички процедури. Таа имала операција на градите за прв пат во раните дваесетти години, па од големината 34Б премина на големината 34Е.

Сега нејзините гради тежат четири килограми, а редовно прима ботокс и инјекции со хијалурон за усните за нејзиното лице да изгледа пластично.

Нејзиниот изглед привлече повеќе од 17.000 следбеници на Инстаграм и ја поттикна да започне бизнис со линија за облека. Таа моментално продава розови маици со пароли „Бимбо“ и „Барби“ за истомисленици.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk