logo
logo
logo

Разводи, смрт, несреќи - Што прават сега ЅВЕЗДИТЕ ОД „БЕВЕРЛИ ХИЛС“

Vecer | 05.05.2021

Разводи, смрт, несреќи - Што прават сега ЅВЕЗДИТЕ ОД „БЕВЕРЛИ ХИЛС“

Поминаа повеќе од 30 години од емитувањето на првата епизода од култната серија „Беверли Хилс“, а многумина сметаа дека ова достигнување е најдобрата тинејџерска серија.

Неизбежната серија од деведесеттите години „Беверли Хилс“ е дело на Дарен Стар и во продукција на Арон Спелинг. Во периодот од 1990 до 2000 година беа емитувани десет сезони, а во странскиот печат, серијата го доби епитетот „прогонувана“ поради тажната судбина на многу актери.

Главните актери подоцна имаа бројни улоги во различни продукции, сепак тие останаа запаметени по „Беверли Хилс“ и никогаш не ја повторија таа популарност.

Нема ниту едно дете или тинејџер од деведесеттите кои не се сеќаваат на Бренда, Брендон, Кели, Ендру, Стив, Дилан, Дона, Дејвид.

Шенон Доерти, која сите ја паметиме како Бренда Волш, важеше за проблематична личност, која често предизвикуваше проблеми при снимањето на серијата. Нејзиниот приватен живот го одбележа долгогодишна борба против ракот на дојка.

Џејсон Присли го толкуваше ликот на Брендон Волш, омилен кај женската популација. Имаше сообраќајна несреќа од која едвај преживеал. По „Беверли Хилс“, тој снимаше уште неколку серии но не беа толку популарни. Покрај неговите улоги, тој привлече внимание кога во едно интервју изјави дека имал физичка пресметка со Харви Вајнстин на церемонијата на доделувањето на наградите „Златен глобус“.

Џени Гарт, која ја играше Кели, продолжи да снима дури и по „Беверли Хилс“, а нејзиниот приватен живот привлече големо внимание, откако се разведе од сопругот таа објави книга со мемоари и откри голем дел од приватниот живот.

Лук Пери, познат како Дилан, како што многумина го паметат, почина во 2019 година од мозочен удар. Во 2001 година се појави во „Оз“, подоцна во сериите „Закон и поредок“, „Вил и Грејс“.

Кариерата на Јан Зиринг, кој го играше ликот на Стив, одеше во сосема поинаква насока - тој настапи како стриптизер во Лас Вегас. Јан е татко на две деца со сопругата Ерин Кристин Лудвиг, со која е во брак од 2010 година. Ова е негов втор брак. Прво беше оженет со плејбој зајачица.

Тори Спелинг го толкуваше ликот на симпатичната и наивна Дона. После оваа серија, таа активно снимаше реални шоуа, а се прослави со бурниот брак со Дин Мекдермот, кој ја изневери со многу помлада девојка. Парот се најде и во финансиски проблеми, а заедно имаат четири деца.

Брајан Остин Грин, попознат како Дејвид, се најде во центарот на вниманието на јавноста поради неговата врска со актерката Меган Фокс, со која има два сина. Во 2015 година поднесоа документи за развод, а во 2016 година беа изненадени кога Меган остана бремена, а Брајан потврди дека тој е татко на детето.

Актерката Габриела Картерис на сите ни е позната како Андреа Закерман. Таа ја напушти серијата по петтата сезона, а повремено се појавуваше во шестата, осмата и десеттата сезона. Пред неколку години година, таа се повреди за време на снимање, што доведе до делумно парализирање на лицето, што и  оневозможи да зборува шест месеци. Успешно се опорави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk