Руските служби објаснија зошто Путин прв доби чадор по финалниот натпревар на Светското првенство

Кога на церемонијата на доделување на медалите за најдобрите на фудбалското СП во Москва, заврна дожд, речиси инстантно обезбедувањето порнајде чадор за рускиот претседател Владимир Путин, за разлика од останатите лидери кои немаа толку среќа.

Грмотевици можеа да се слушнат во текот на второто полувреме на стадионот Лужники, а небото се отвори кога Путин, во придружба на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дојде до подиумот за церемонијата на доделување на медалите.

Оделот на Путин накисна, но за кратко време со појави човек со чадор кој му излезе во пресрет на рускиот претседател.

Таква среќа немаше хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, облечена во дрес на националниот тим и францускиот претседател, Емануел Макрон, кои стоеа веднаш до Путин, кој пак многу пред нив беше заштитен од дождот.

Многумина веднаш се запрашаа зошто само Владимир Путин има чадор, додека сите други накиснаа на дождот. Руските служби денеска објавија соопштение во кое се обидоа да дадат одговорат на ова прашање.

„Грижата за чадорите е обрска на персоналот задолжен за безбедноста на претседателот. Во нивниот правилник јасно е наведено дека чадор над главата на Путин мора да има во моментот кога ќе падне првата капка дожд. Во таа смисла, прашањата во врска со чадорите на Макрон и Колинда треба да им се постави на нивните обезбедувања“, се вели во соопштението на руската служба, кое го пренесе хрватскиот портал „Индекс“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари