logo
logo
logo

Рускиот творец на вакцината вели: ВНЕСУВАЈТЕ ПРОТЕИНИ И НЕ СЕ НЕРВИРАЈТЕ ПО ВАКЦИНАЦИЈАТА!

Vecer | 06.04.2021

Рускиот творец на вакцината вели: ВНЕСУВАЈТЕ ПРОТЕИНИ И НЕ СЕ НЕРВИРАЈТЕ ПО ВАКЦИНАЦИЈАТА!

Александар Гинцбург, раководител на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви вакцината Ступник В, изнесе неколку корисни совети за сите оние кои ќе ја примат оваа вакцина и вели дека многу е важно да се внесуваат протеини во овој период.

- Луѓето кои примаат вакцина за ковид-19 треба да јадат повеќе храна богата со протеини, бидејќи недостатокот на протеини може негативно да влијаат на производството на антитела кон корона вирусот, вели тој и додава дека храната богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната, има големо влијание врз производството на антитела. Производството на антитела е процес што троши многу енергија, така што внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозен ефект.

На коментарите дека луѓето кои ќе ја примат руската вакцинамора два месеца да се воздржат од пиење алкохол и да не пушат пред и по вакцинацијата, затоа што чадот од цигари ги иритира градите и го намалува имуниот одговор, Гинцбург вели дека иако не треба да се ужива во алкохол пред и по вакцинацијата „една чаша шампањ никогаш никому не наштетила“.

- Сите форми на стрес можат забележително да го намалат бројот на антитела, на крајот нагласува тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk