logo
logo
logo

Родители НАПРАВИЛЕ ЛАЖЕН ПРОФИЛ за да одржат ЛЕКЦИЈА на ќерка им (ВИДЕО)

Vecer | 23.04.2021

Родители НАПРАВИЛЕ ЛАЖЕН ПРОФИЛ за да одржат ЛЕКЦИЈА на ќерка им (ВИДЕО)

Родителите Лиза и Марк Ширкс од Калифорнија ја излажале својата ќерка откако откриле дека таа се среќава со странци кои ги запознавала на Интернет.

Исплашени и згрозени од ова сознание веднаш ја одржале лекција на својата ќерка Мара. Учествувале во една емисија и заедно со водителот кој е експерт за социјални мрежи, направиле план.

Отвориле лажен профил на Инстаграм на тинејџер со интереси слични на оние на нивната ќерка.

Лажното момче и испратило порака, а таа веднаш одговорила и се согласила на состанок во блискиот парк. Кога дошла во паркот, наместо тинејџер се појавил водителот.

Тој брзо ја убедил девојката да се сретне со младиот човек, а огорчените родители гледале од страна:

"Жешко е за прошетка. Ако сакаш, можеме да скокнеме во комбето, ни треба малку за да стигнеме таму", и рекол Елиот а таа веднаш се согласила

Потоа се  појавиле нејзините родители.

„Дали сфаќаш дека само влезе во смртна стапица? Дали воопшто размислуваш? Како можеш да направиш нешто толку глупаво? Ти си убава девојка, има многу гаден народ кој ќе се обиде да те заведе", и рекла нејзината мајка.

https://youtu.be/NL2AL1WOmVw

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk