logo
logo
logo

Роберт де Ниро повреден на снимање, заврши во болница!

Vecer | 14.05.2021

Роберт де Ниро повреден на снимање, заврши во болница!

Актерот Роберт де Ниро ја повреди ногата во четвртокот за време на снимањето во Оклахома. Тој веднаш се упати кон Њујорк за да биде прегледан во болница, пишува Дејли Меил.

Не е познато во каква состојба е Де Ниро или колку е сериозна повредата.

„Во секој случај , Роберт требаше да патува во Њујорк на две недели, така што нема да има одлагање на снимањето на филмот“, изјави за Дејли Меил портпарол на актерот.

Де Ниро моментално глуми во филмот на Мартин Скорсезе, „Killers of the Flower Moon“. Во филмот освен Роберт глуми и Леонардо ди Каприо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk