Сиромашен рибар од Тајланд не можел да си поверува кога ловејќи риби пронашол нешто што му го променило животот.

Тој пронашол три портокалови Мело бисери, кои се едни од најскапите во светот.

Хачаи Нијомдеча (37) знаел дека вредат, но не и колку. Побрзал дома дома да ја праша својата сопруга да ја открие цената на бисерите Мело на пазарот.

И тогаш за малку ќе се онесвестел – Тие вределе 280 000 евра!

„Му дадов на татко ми да ги исчисти, бидејќи тој е повешт во тоа од мене. Знаев тој ден дека нешто ќе се случи затоа што сонував интересен сон. Во него ми пријде човек со долги мустаќи и ми рече да одам на плажа каде ме чека подарок. Затоа отидов наутро да видам дали има нешто во реката“, рече возбуден Хачаи.

Тој додаде дека тие ќе му го променат животот, но и животот на неговото семејство.

„Конечно сите ќе живееме подобро. Не сакам да опишам како живеевме досега“, рече тој.

Како што приказната стигна до медиумите, тој доби многу понуди од заинтересирани трговци и колекционери.

„Секој ми понуди многу пари, но дури ни близу до оној за кој знам дека е реален. Тие понудија по 30-40.000 евра, тоа не е доволно. Сакам да го обезбедувам своето семејство до крајот на мојот живот и ќе го сторам тоа“, рече Хачаи.