Ланец ресторани во Калифорнија нуди бесплатни хамбургери цела година, но под еден услов. Имено, бургерите ќе бидат бесплатни за сите оние кои ќе направат трајна тетоважа со што би го носеле името на ресторанот на своето тело.
Ресторанот Farmer Boys направил договор со салон за тетоважи во западен Холивуд, The Honouret Society и Lasinas's Rockin ’Ink Tattoo за промоција на 40-годишнината постоењето на ланецот.
Оние кои сакаат да учествуваат мора да го пополнат образецот преку Интернет до 21 мај за да закажат термин. Условот е дека тие мора да бидат постари од 18 години.
Farmer boys објави на Инстаграм дека поради огромниот број барања, не секој што ќе поднесе апликација ќе биде поканет.
View this post on Instagram