logo
logo
logo

Редок розов дијамант на аукција, проценет на 35 милиони долари

Vecer | 30.03.2023

Редок розов дијамант на аукција, проценет на 35 милиони долари

Скапоцениот „чист“ камен од 10,57 карати, ископан 2019 година во рудник во Боцвана, првично имал 23,78 карати. Наддавањето е закажано за 8 јуни во Њујорк. Продажбата на дијамантот наречен „Вечно розов“ (Eternal Pink) ќе се одржи во рамки на специјалната недела на продажба на накит.

- Тоа е дијамант, најредок меѓу ретките, камен без споредба... Се оценува на околу 3,3 милиони долари по карат, или нешто повеќе од 35 милиони долари, што претставува највисока проценка по карат за скапоцен камен што се нуди на пазарот, изјави раководителот за продажба на накит во „Сотби'с“, Вилард Ебен Александар.

Актуелниот рекорд по цена добиена за продажба на розов дијамант „Вилијамсон“ од 59,6 карати е постигнат во Хонг Конг во 2017 година - 71,2 милиони долари. И друг „Вилијамсон“ дијамант од 57,7 милиони долари исто така е продаден во Хонг Конг, 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk