logo
logo
logo

РАЗВОД ТЕЖОК 127 МИЛИЈАРДИ: Пари, компании, земјиште, авиони, КОМУ ШТО ЌЕ ПРИПАДНЕ

Vecer | 04.05.2021

РАЗВОД ТЕЖОК 127 МИЛИЈАРДИ: Пари, компании, земјиште, авиони, КОМУ ШТО ЌЕ ПРИПАДНЕ

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда објавија дека ќе се разведат по 27 години брак, а судските документи покажуваат дека тие немале предбрачен договор, пишува NZ Herald.

Мелинда Гејтс (65) поднела барање за развод на 3 мај, а парот ја објави веста преку Интернет, додавајќи дека иако ќе продолжат да работат заедно, тие повеќе не можат да продолжат како пар.

„После многу размислување и работа, донесовме одлука да го прекинеме бракот. Во текот на изминатите 27 години, одгледавме три прекрасни деца и основавме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на луѓето да живеат здрав и продуктивен живот“, велат тие во заедничката изјава.

„Ние продолжуваме да го споделуваме нашето верување во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, но повеќе не веруваме дека можеме да напредуваме заедно како пар во оваа фаза од нашите животи“, додаваат тие.

Овој развод е најскапиот во светот, бидејќи се проценува дека е „тежок“ околу 127 милијарди долари.

Иако заедничката изјава на Твитер изгледаше едногласна, документите за развод откриваат дека нивниот брак е „неповратно“ изгубен, имено, Мелинда поднела тужба, наведувајќи дека бракот е „неотповикливо раскинат“.

„Овој брак е неотповикливо раскинат. Бараме судот да го прекине и да утврди дека нашиот брачен сојуз е раскинат на денот кога беше потпишан договорот за разделување“, се вели во судскиот документ.

Според „Форбс“, Бил е „тежок“ со неверојатни 130,5 милијарди долари, додека „Селебрити нет“ го проценува на 146 милијарди, а Гејтс беа четврти на листата на најбогати во светот, зад Џеф Безос, Бернард Арно и Илон Маск.

Гејтс е исто така најголем приватен сопственик на земјиште во САД, со околу 100.000 хектари во 18 различни држави. Двајцата имаат недвижен имот во пет држави, возен парк од автомобили со редок примерок вреден два милиони долари, колекција на уметнички дела и неколку приватни авиони.

Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи се разведоа во 2019 година, а таа доби околу 38 милијарди долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk