logo
logo
logo

Разликата меѓу нив е 37 години, НО САКААТ ДА ИМААТ И ДЕТЕ (ФОТО)

Vecer | 17.01.2022

Разликата меѓу нив е 37 години, НО САКААТ ДА ИМААТ И ДЕТЕ (ФОТО)

Шерил Мекгрегор (61) и нејзиниот сопруг Куран Мекејн (24) имаат желба да имаат дете, и покрај големата разлика во годините.

Коран и Шерил, која е мајка на седум деца, првпат се запознале во 2012 година додека работеле во ресторан за брза храна „Dairy Queen“, а Куран тогаш имал само 15 години.

Откако Шерил ја сменила работата, двајцата изгубиле контакт, но повторно го воспоставиле во 2020 година кога ја сретнал на новото работно место

Така почнале да излегуваат. Љубовта со брак ја крунисале минатата година, а  се подготвени и да го прошират семејството.

Шерил веќе има седум деца и 17 внуци, но парот има желба да имаат заедничко дете.

„Се венчавме во септември 2021 година и поминаа неколку месеци откако размислувавме да основаме сопствено семејство“, рече тој.

Но, поради возраста на Шерил, тие се одлучиле за сурогат мајчинство.

Ние сме повеќе за сурогат мајчинство, меѓутоа, видовме многу луѓе кои се вмешани во правни компликации по раѓањето на детето“, објасни тој.

„Бараме убава сурогат мајка која е подготвена да потпише договор дека нема да има контакт со детето по раѓањето“, продолжи Куран.

Бидејќи Шерил е многу постара од нејзиниот сопруг, свесни се дека тој во иднина ќе мора сам да го одгледува детето, а тој вели дека е подготвен за ова животно патување.

Тие двајца тврдат дека нивниот сексуален живот е фантастичен и дека имаат одлична хемија - и покрај тоа што тој е помлад од нејзините деца, а таа е само шест години помлада од неговата баба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk