logo
logo
logo

Разбојници во Африка убиле ботаничари од Британија и телата им ги фрлиле на крокодили

Vecer | 04.10.2022

Разбојници во Африка убиле ботаничари од Британија и телата им ги фрлиле на крокодили

Ботаничарот Род Сандерс (74) и неговата сопруга Рејчел (63) поминувале шест месеци годишно барајќи диви планини и шуми за семе за нивната компанија.

Но, додека патувале во Јужна Африка, биле киднапирани и до смрт претепани од крадци, кои потоа ги ставиле во вреќи за спиење и ги фрлиле во река полна со крокодили. Рибарите неколку дена подоцна ги извлекле нивните распаднати и изедени тела од водата. Тие биле во таква состојба што било невозможно веднаш да се идентификуваат.

Само неколку месеци подоцна, кога полицијата не можела да ја пронајде исчезнатата британска двојка, бил нареден ДНК тест на сите неидентификувани тела во мртовечниците, а потоа се дознала нивната судбина.

По истрагата, полицијата уапсила четири лица, од кои тројца се обвинети за убиство, киднапирање и грабеж на Род и Рејчел Сондерс. Сајефунден Аслам Делвекио (39), неговата сопруга Биби Фатима Пател (28) и нивниот тогашен потстанар Муса Ахмад Џексон (35) пред судот се изјасниле за невини.

Четвртоосомничениот, кој им купил мобилни телефони на брачната двојка, не учествувал во киднапирањето и убиството и добил условна казна.

Род и Рејчел Саундерс започнале успешен бизнис во Кејп Таун продавајќи им семиња на клиенти ширум светот што ги нашле во оддалечените области. На 5 февруари 2018 година, тие тргнале од нивниот дом во Кејп Таун за да се сретнат со новинарите и снимателите на БиБиСи во планините за да снимаат документарен филм.

Познатите ботаничари биле интервјуирани од ТВ водителот Ник Бејли за епизода Gardeners World, пишува Дејли Мејл.

По снимањето, ботаничарот Род и сопругата -микробиологот Рејчел, кои се во брак повеќе од 30 години, ја поздравиле телевизиската екипа и заминале во камп во оддалечена шума. Но, неколку дена подоцна им се губи секаква трага. Потрагата била започната на 10 февруари.

Истрагата покажала дека на 10 февруари, Дел Векио испратил порака до својата сопруга и нивниот потстанар во тоа време дека во шумата има постар пар и дека тие се добар улов. Наводно во порака до непознато лице напишал колку е важно нивните тела никогаш да не бидат пронајдени.

„Тогаш ќе се работи за исчезнато лице“, напишал тој во пораката.

Судењето на Дел Векио, Пател и Џексон е во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk