logo
logo
logo

РАСИПНИЧКИОТ ЖИВОТ на најбогатиот султан во светот: За него правила НЕ важат, се зборува дека има харем...

Vecer | 25.07.2022

РАСИПНИЧКИОТ ЖИВОТ на најбогатиот султан во светот: За него правила НЕ важат, се зборува дека има харем...

Хасанал Болкијах (76) е владетел на Брунеи, човек кој живее во целосна нехармонија со законот што му го наметнал на својот народ.

Во април 2019 година, султанот на оваа земја се најде во центарот на светското внимание кога го заостри и онака ригорозниот закон од 2013 година заснован на шеријатското право. Така, денес во Брунеи важат брутални казни, вклучувајќи каменување до смрт, ампутација на екстремитети, камшикување и тоа за дела кои во повеќето земји дури и не се толкуваат како прекршоци - измама, вонбрачна бременост, носење несоодветна облека, хомосексуалност...

За познавачите на ликот и делото на Хасанај, ова не е изненадување, со оглед на тоа што од 1967 година, кога дојде на власт, тој полека но сигурно се лизга кон изразен конзервативизам. Она што му даде крилја на султанот е независноста од британското владеење што следуваше во 1984 година, по што тој почна да го покажува своето вистинско лице.

Брунеи има само 400.000 жители, а бидејќи е богат со нафта и гас, повеќето од нив живеат и повеќе од добро. Но, се разбира, богатството на султанот Хасанај тешко некој може да го надмине - со години беше најбогатиот човек на светот, а и денес не е далеку од тоа. Неговата палата е најголемата приватна резиденција во светот со 1.788 соби, 257 бањи и климатизирани штали за 200 коњи. Тој поседува повеќе од 7.000 автомобили, вклучувајќи ги и некои од најлуксузните на сите времиња и е најголемиот колекционер на мерцедес во светот.

 

Bbruneji

Колку пари за расфрлање има всушност можеби најдобро говори фактот што за својот 50-ти роденден го покани Мајкл Џексон да ги забавува гостите, а за три концерти плати 17 милиони долари.

Сепак, иако владејачкото семејство добро се забавува, ова не важи за остатокот од земјата - во Брунеи алкохолот е забранет, нема дискотеки, ноќни клубови, а забрането е да се слави Божиќ, дури и да се украсуваат прозорците на крајот на годината! На малку христијани им е дозволено да го слават во своите четири ѕида, но без јавни обележја.

Спротивно на сите закони што ги донел, самиот султан живеел и живее екстравагантно и раскошно, а неговите години се обоени со скандали и ароганција.

 

Bbruneji

Да почнеме со неговиот љубовен живот - тој имал три сопруги, од кои првата е неговата блиска братучетка, која работела како стјуардеса и ТВ водителка. Има вкупно 12 деца, а својот раскошен начин на живот им го пренел на синовите кои во ништо не заостануваат зад својот татко. На пример, принцот Абдул Малика, неговиот третороден син, се ожени во 2015 година, а „Форбс“ ја опиша оваа венчавка како „кралска венчавка која ги победи сите кралски свадби“. Траела една недела, а на главната церемонија младенците беа облечени во необични комбинезони со скапоцени камења, додека невестата наместо цвеќе држеше букет од скапоцени камења и благородни метали.

Свадбата траеше 7 дена!

Уште еден од синовите на султанот - принцот Абдул Матина - сака да се капе во луксуз и тоа јавно да го покажува. Важи за вистинска Инстаграм сензација со повеќе од милион луѓе кои го следат, а со задоволство споделува детали од скапите патувања и прикачува фотографии од јахти, приватни авиони или додека игра поло.

И тука не е крајот - и принцот Азим, вториот син на султанот, е познат по тоа што организира екстравагантни забави со познатите гости, вклучувајќи ги Памела Андерсон, Џенет Џексон и Мараја Кери.

Но, сите, вклучително и самиот султан, беа засенети од приказната за неговиот брат Џефри. Тој беше министер за финансии во средината на 90-тите, а заедно со неговиот брат уживаше во шармот што им го даваа парите и моќта. Имаа свој харем во палатата, организираа раскалашени забави, а медиумите ги карактеризираа како „постојани соучесници во хедонизмот“. Џефри отишол толку далеку што имал јахта што ја нарекол „Ци**и“, а два помали брода ги нарекол „Брадавица 1“ и „Брадавица 2“.

Оваа идилична братска врска пропадна како куќа од карти кога беше откриено дека од кралската каса исчезнале 16 милиони долари, а султанот го обвини Џефри за тоа. Тој ги негираше обвинувањата, но секако му беше одземена функцијата и беше „осуден“ на егзил.

Многу посериозно од проневерата на пари, фактот што Џефри предизвика скандал од меѓународни размери, трајно нарушувајќи го позитивниот имиџ на Брунеи, го погоди султанот. Имено, протекоа сведоштвата на неколку девојки за сексуалните навики на принцот Џефри, а тоа неминовно доведе и до разоткривање на султановите склоности.

 

Bbruneji

Поранешната мис на Калифорнија и Америка Шенон Маркетиќ во 1997 година откри дека била сексуална робинка во палатите, каде што првично дошла да работи на промоција и маркетинг за плата од 3.000 долари на ден. Се завршило со тоа што во реалноста дење и ноќе била во служба на Џефри, а таа открила дека била подложена на понижувачки третман и затворена во султанската палата 32 дена.

Шенон се обиде и да ги тужи султанот и принцот пред американски суд, но тоа заврши со тоа што браќата добија имунитет од правно гонење, со оглед на тоа дека се шефови на држави. Во судските документи стои и дека Маркетиќ сведочела дека покрај неа во харемот на султанот имало уште од 30-100 жени.

 

Bbruneji

 

Маркетиќ не беше единствената која отворено зборуваше за нејзината агонија - по неа се појавија цела низа западни убавици кои имале „ангажман“ во султанатот, најчесто несвесни каде всушност одат.

Џилијан Лорен ја напиша и книгата „Мојот живот во харемот“, каде што ја откри вистината за нејзиниот престој во Брунеи. Таму пристигнала кога имала само 18 години, а на принцот Џефри му била на располагање со уште 40-тина девојки. Таа откри дека по една година и откако спиела со него повеќе од сто пати, тој едноставно ја „подарил“ на султанот кој инсистирал таа да го задоволува само орално.

"Тој е луд и декадентен. Тоа е она што ми беше привлечно во тоа време, неговата самодоверба, неговата харизма и неговата незадржливост", изјавила Џилијан за принцот Џефри во 2011 година.

На списокот на жени со вакво искуство се најде и зајачицата на Плејбој, Ребека Ферати, која го опиша Џефри како „исламска верзија на Хју Хефнер“ со една разлика - дека не знае како да организира добри забави.

Она што е сигурно е дека на султанот Хасанал му се ближи крајот, тој веќе старее, а тронот ќе го преземе еден од неговите исто толку ексцентрични синови. Дали ќе бидат сурови и лицемерни како татко им, останува да видиме...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk