logo
logo
logo

РАЈОТ НА ЗЕМЈАТА ПОСТОИ: Магично село кое нема улици (ФОТО)

Vecer | 02.03.2021

РАЈОТ НА ЗЕМЈАТА ПОСТОИ: Магично село кое нема улици (ФОТО)

Дали некогаш сте посакале да живеете во некое место кое излгеда како да е се наоѓа бајка, како да сте го виделе рајот на земјата? На место каде има слатки куќи, многу реки и миризливи цвеќиња.

Секако можеби мислите дека такво место не постои? Сепак, не сте во право.

Постои и се наоѓа во Холандија.

Селото Гиторн е основано на почетокот на 13 век и е многу фасцинантно. А интересно е што ова село нема улици.

Секоја куќа во ова волшебно село изгледа како некој од приказна на Дизни и по некој  херој да може да живее во неа.

Главното превозно средство во селото Гиторн е чамец. Нема патишта, има само пешачки патеки и канали. А има вкупно 176 мостови.

Повеќето жители имаат чамци со тивок мотор, така што нема бучава. Најгласните звуци што можат да се слушнат доаѓаат од животните кои живеат тука. Тука навистина се чувствувате како да сте во рај.

Во текот на годината доаѓаат голем број туристи, што е логично, бидејќи многумина сакаат да видат место кое се споредува со рајот на земјата.

Секако, ги оставаат своите автомобили на патот, па доаѓаат во селото пеш. Таму можат да изнајмат чамец или да одат на турнеја со локален туристички водич.

Иако можеби мислите дека Гиторн е убаво само во пролет, не сте во право. Ова место изгледа волшебно во текот на целата година. Дури и во зима, кога водата во каналите понекогаш замрзнува, тука може да се ужива. И тоа е особено интересно за Божиќ и Нова Година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk