Во хороскоп е девица, а најмногу сака да поминува време со семејството и пријателите. Обожува да готви, го сака Партизан, оди на концерти и снима видеа за ТикТок. И се ова не би било чудно, доколку Раде нема 79 години.
"Супер дедото" како што и му е надимакот на ТикТок, живее во Белград и признава дека почнал да снима видеа бидејќи за тоа го наговориле членовите на неговото семејство. А зашто тие го натерале може да се види од првите видео клипови – како Раде вешто се справува со хуморот.
@darmartv5##fypシ ##foryou ##foreifazoni
Дека станува збор за весела и интересна личност говори и описот на неговиот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
-Јас сум Раде, најстариот ТикТокер, Позз, стои во описот на неговиот Инстаграм профил каде за разлика од ТикТок има помалку следбеници. Имено, на најпопуларната мрежа на младите овој Супер Дедо има повеќе од 18 илјади следбеници.
@darmartv5##fypシ ##viral ##foryou ##funnyvideo ##limenitrener ##football♬ original sound - SMEHOTEKA :)
Тајната на неговата популарност е во тоа што Раде иако е во осмата деценија во својот живот тој сепак следи трендови - па така знае се од политичката но и од шоу бизнис сцената. Тој и постојано следи трендови на ТикТок, па така во своите видеа се обиде да испржи и јајца на бетон летово, а не ја пропушти и ултрапопуларната серија Squid Games од која се инспирираше да сними и видео на истата тема.
@darmartv5♬ original sound - balkandad