logo
logo
logo

Работи на каса со бебето во раце... Грижлива или неодговорна мајка?

Vecer | 19.01.2022

Работи на каса со бебето во раце... Грижлива или неодговорна мајка?

Фотографија на жена која работи на каса додека се грижи за нејзиното бебе е споделена на Фејсбук и предизвика неочекувано голем интерес.

"Пред неколку дена бев во маркет и ја видов оваа девојка, работеше на каса во маркетот, седеше и тработеше со бебе во прегратка. Се грижеше за нејзиното бебе толку стрпливо, толку добро и со многу љубов. И за сето тоа време ја работеше својата работа - напишала корисникот на Редит чија фотографија и приказна стана вирална на Фејсбук.

Коментарите на читателите се различни: доминираат тие кои девојката ја сметаат за вистинска грижлива мајка која е подготвена на се за да биде детето згрижено и негувано... Други се лути на заедницата која дозволува мајките со мали бебиња да не бидат социјално и финансиски згрижени па мораат да ги носат бебињата на работа бидејќи имаат и мали плати од кои не можат да платат негувателки или установи да ги чуваат бебињата додека тие работат... Таа е пример за секоја млада мајка која е спремна да го жртвува својот комодитет и мир за добро на бебето, смета една читателка која и самата е мајка на мало дете.

Но, не некои не се согласуваат. Сметаат дека сцената ги вознемирува купувачите, други дека таа не може да биде пример за другите мајки кои треба бебињата да ги носат со себе на работните места.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk