logo
logo
logo

Работа од соништата: СЕ БАРА ДЕГУСТАТОР ЗА ПАЛАЧИНКИ и тоа во наша близина

Vecer | 24.01.2022

Работа од соништата: СЕ БАРА ДЕГУСТАТОР ЗА ПАЛАЧИНКИ и тоа во наша близина

Во морето огласи за вработување внимание привлекува еден различен, а позицијата на која се вработува е ни помалку ни повеќе, туку дегустатор на палачинки.

Огласот е објавен на платформата PickJobs, а за да откријат од каде ваква необична реклама во нивната мрежа од порталот Пословни дневник, стапиле во контакт со нивниот шеф за маркетинг, Рената Пуљиз.

Донесување правилна одлука

Како што рече, во Хрватска не е вообичаен огласот за дегустатор, но во странство таа практика е нормална. На странските портали често можете да најдете огласи за работни места од „соништата“, како гледање Netflix, тестирање душеци, дегустација на храна и пијалоци и слично.

„Токму затоа што овие огласи се ретки, решивме да го споделиме овој оглас со јавноста и можеме да кажеме дека забележавме голем интерес од потенцијалните вработени“, додаде Пуљиз.

Дегустаторот треба да биде вработен во загрепското кафуле „Чоко“ за палачинки, кое моментално има 17 работници на две локации, во Волтин и во Сопот.

„Вработуваме едно лице на работно место дегустатор, а моментално имаме огласи за келнери и работници во кујна. Чоко кафе на идните вработени им нуди пријатна работна атмосфера, редовни примања и можност за напредување“, објасни директорот за маркетинг.

„Дегустаторот мора да е одличен гурман, љубител на добра храна, личност со префинето непце која сака палачинки во сите комбинации. Со оглед на бројот на апликации што ги добивме за само неколку часа, очекуваме луѓе со различни преференци“, додаде Зоротовиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk