logo
logo
logo

ПУКНАЛА 200 000 долари на СИЛИКОНСКИ ЗАДНИК, па месечно од него заработува по 75 000!

Vecer | 25.05.2021

ПУКНАЛА 200 000 долари на СИЛИКОНСКИ ЗАДНИК, па месечно од него заработува по 75 000!

Стефани Паломарес, американска инфуленсерка, неодамна на социјалните мрежи ги покажала резултатите од операцијата на задникот, за која дала неверојатни 200 000 долари!

Оваа 27-годишна девојка од Лас Вегас потрошила цело богатство на овој зафат, а се со желба да има „совршена позадина“. Од моментот кога ја споделила фотографијата од својот нов задник, бројот на нејзините следбеници се зголемил за неколку десетици илјади, па сега може да се пофали дека ја следат преку 1,9 милиони луѓе.

Стефани вели дека фановите и порачуваат дека нејзината позадина е толку голема што заслужува да има поштенски број, а открила и дека и донела поголема популарност, но и повеќе пари.

Благодарение на операцијата само минатиот месец успеала да заработи 75 000 долари.

 

„Си купив куќа со пет спални во Вегас. Сега таму имам станари кои ми плаќаат три пати поголема кирија од ратата за кредит. За неколку месеци ќе купам уште еден имот“, рекла таа и додала дека го живее животот од соништата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk