logo
logo
logo

Првиот кинески патнички авиони од домашно производство го направи првиот комерцијални лет

Vecer | 28.05.2023

Првиот кинески патнички авиони од домашно производство го направи првиот комерцијални лет

Првиот кинески патнички авион од домашно производство попладнево го заврши својот прв комерцијален лет, што претставува пресвртница во повеќедецениските напори на земјата да се натпреварува со западните ривали во воздухот.

Пекинг се надева дека комерцијалниот авион C919 ќе биде достоен ривал на странските модели како што се Боинг 737 Макс и Ербас А320, иако многу од неговите делови доаѓаат од странство. Првиот домашен авион во Кина со масовен комерцијален потенцијал, исто така, ќе ја намали зависноста на земјата од странска технологија во време кога врските со Западот се влошуваат. - Во иднина, мнозинството патници ќе можат да изберат да патуваат со големи авиони од домашно производство - објави кинеската државна телевизија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk