logo
logo
logo

Првиот Apple компјутер на продажба: Дали би ја платиле оваа неверојатна цена?

Vecer | 01.02.2021

Првиот Apple компјутер на продажба: Дали би ја платиле оваа неверојатна цена?

Во средината на 1970-тите години, Apple беше само почетна компанија. Дуото Стив Џобс-Стив Возниак одлучи да го направи Apple-1, нивниот прв компјутер – компјутер со дрвена кутија.

Apple 1 е произведен во 1976 година, а сега, 45 години подоцна, се продава на платформата eBay како колекционерски предмет за неверојатни 1,5 милиони долари.

Ова е еден од само шест познати „Apple-1“ со дрвена кутија. Освен ситни поправки за да може машината да работи, сè е целосно автентично кога станува збор за овој уред, пренесува „GameRant“.

Мониторот што доаѓа заедно со компјутерот е Sony TV-115, што самиот Apple го препорача.

Што се однесува до спецификациите на овој уред, има 8-битен микропроцесор MOS 6502, кој работи на 1MHz. Меморијата е 4KB, но може да се прошири на 8KB или 48KB.

Направени се само 200 вакви уреди, па, несомнено, ќе има колекционер подготвен да издвои огромни 1,5 милиони долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk