Први фотографии од најповолниот модел на „ајфон“ досега

Компанијата „Епл“ е решена да ги израдува своите фанови, со нова понуда на паметни телефони која го вклучува најповолниот модел на „ајфон“ досега, под со ознака „ц“.

Неколку дена пред „Епл“ официјално да ги лансира новите телефони, на социјалните мрежи се појавија фотографии од најповолниот телефон кој ќе се вика iPhone Xc.

Првите фотографии од новиот модел беа објавени на твитер профилот на Leaker Ben Geskin, а на нив може да се види поволната верзија на „ајфон“ во четири бои – бела, црна, црвена и розова.

Како што пишува порталот „Мешбл“, телефонот доаѓа со 6,1 инчен LCD екран, а ознаката „ц“ веќе е користена од страна на оваа компанија за да се означат поевтините модели на мобилни телефони.

Дали станува збор за веродостојни фотографии, ќе дознаеме вечерва (12 септември) за кога е закажана официјлната промоција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари