logo
logo
logo

Првата сопругата на Сулејман Величествениот доживеала трагична судбина и умрела во беда и сиромаштија

Vecer | 28.05.2023

Првата сопругата на Сулејман Величествениот доживеала трагична судбина и умрела во беда и сиромаштија

Махидевран Хатун била принцеза која била донесена на дворот на султанот Сулејман кога имала само 11 години. Нејзиното име на турски значи - таа која е секогаш убава. Махидевран живеела во изобилство и богатство, секогаш го имала најдоброто, но животот сурово ја казнил!

Најпрво, нејзиниот сакан сопруг се заљубил во наложница и се оженил со неа, а потоа го убил нејзиниот единствен син.

Според некои пишувања, Махидевран била многу почитувана жена на дворот на султанот Сулејман, не била склона кон интриги, за разлика од Хурем.

Првата сопруга на султанот родила три деца, од кои преживеал само принцот Мустафа, кој на крајот бил убиен од сопствениот татко.

Не се знае многу за животот на Махидевран Хатун пред да дојде во харемот на Сулејман. Некои извори наведуваат дека таа била ќерка на извесен Абдула, а се претпоставува и дека нејзиниот татко бил преобратен роб од непознато потекло. Како што пишува романскиот историчар Николај Јорга, Махидевран всушност потекнува од Црна Гора, а некои извори наведуваат дека таа е Албанка или Гркинка.

Таа се појавува за прв пат во историјата како една од 17-те жени во харемот на Сулејман додека тој владеел со Маниса, а на почетокот не била меѓу омилените наложници на младиот принц. Но, со текот на времето успеала да му стане омилена, најверојатно на 15 години, бидејќи во тоа време се родил нивниот син Мустафа, околу 1515 година во Маниса.

Кога Хурем дошла, започнало големо ривалство меѓу двете жени. Иако мајката на султанот, султанката Ајша Хафса се обидела да ги смири страстите, нетрпеливоста била таква што во еден момент Махидевран физички ја нападнал Хурем, што го налутило Сулејман. Сепак, некои турски извори тврдат дека се работи само за антички озборувања.

По егзекуцијата на нејзиниот син, Махидевран истата година се преселила во Бурса, каде што го погребала својот син и живеела во тешка сиромаштија.

Се зборувало дека таа потоа фрлила тешка клетва врз султанот Сулејман, проколнувајќи го да се задуши во крвта на неговите деца.

Дури откако Хурем умрела, почнала да добива приходи за нормален живот, а Сулејман и купил куќа. Селим Втори, синот на Сулејман Величествениот и на Хурем, ѝ ги подмирил долговите и обезбедил финансиска стабилност, а познато е и дека на нејзиниот син и неговиот полубрат Мустафа во 1555 година изградил мавзолеј.

No photo description available.

Махидевран Хатум починал во 1580 година и ги надживеал Сулејаман, Хурем и сите нивни синови. Била погребана во Бурса до нејзиниот син, во мавзолејот на принцот Мустафа.

Нејзиниот наследник Саид Перизад Темрукоглу за неа изјавил:

„Според приказната на тетка ми, Султанија Махидевран била многу млада, кога имала 11 години татко ѝ ја испратил во Отоманската палата. За да може да се омажи за тогашниот принц Сулејман. Прво била научена на манири и образована, а подоцна се омажила за султанот. Една година подоцна го родила синот Мустафа. Но според тетка ми и татко ми тие имале уште две деца, девојче и момче. Девојчето умрело како бебе додека момчето живеело рана младост. Не знам од умрел,можеби убија и тој како и принцот Мустафа. Никој веќе не се сеќава на неговото име. Со оглед на судбината што ја доживеа сите се концентрираа на принцот Мустафа и можно е со текот на времето имињата на другиот принц и султаната беа заборавени.“

Махидевран била многу убава, образована, културна и паметна жена.

„Мислам дека животот на Махидевран беше поинтересен од оној на Хурем, но природно потрагичен. Таа дојде на светот како моќна принцеза, кога беше мала беше испратена во друга палата заедно со нејзините сестри. Таму ја подготвувале да се омажи за човек кој никогаш не го видела и не го познавала. Подоцна се венчаа и добија деца. Животот наеднаш го потресе ова мало семејство. Затоа што нејзиниот сопруг се заљубил во друга жена. Нејзиниот живот се превртел наопаку. Се обидела да си го спаси семејството и угледот но на крајот изгубила. Како тоа да не е доволно, и го убиваат синот, ни помалку ни повеќе туку таткото на нејзините деца. Покрај тоа, тие ги убиваат и двете машки деца на нејзиниот син. Имаа само четири, односно три години. Како да не беше доволно сето тоа дивјаштво и лоша судбина, ја испратил во Бурса каде живеела во сиромаштија без свои пари. Каков катастрофален живот, нели? Од среќа, богатство и спокојство паднала во несреќа, сиромаштија и постојана болка“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk