logo
logo
logo

Прва фотографија од гробот на кралицата Елизабета! Еден детаљ паѓа во очи

Vecer | 26.09.2022

Прва фотографија од гробот на кралицата Елизабета! Еден детаљ паѓа во очи

Кралицата Елизабета IIа почина на 8 септември во Балморал, Шкотска, а оттогаш целиот свет страда за британскиот монарх со најдолг стаж кој остави неизбришлива трага во историјата! На нејзиниот погреб, кој се одржа во Виндзор, присуствуваа речиси 3.000 светски лидери и членови на други кралски семејства. Сега се појави и фотографија од нејзиното вечно почивалиште.

Ексклузивната фотографија се појави откако на верниците им беше дозволено да влезат во меморијалната капела на кралот Џорџ VI во Виндзор.

 

Едноставната црн мермерна плоча и имињата на нејзините најблиски ги привлекоа сите погледи. Името на кралицата беше испишано заедно со името на нејзиниот татко Џорџ VI, кралицата мајка Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој почина во април минатата година.

Имено, последната фотографија од гробот во Виндзор е објавена пред две децении, поточно во 2002 година, кога на мермерна плоча со златни букви беа испишани имињата на кралот Џорџ VI и кралицата мајка, заедно со датумите на нивното раѓање и смртта.

А на плочата по ред пишува: Џорџ VI: 1895-1952, Елизабета: 1900-2002, Елизабета II: 1926-2022, Филип: 1921-2021.

Помеѓу двата пара има метална ѕвезда што го претставува редот на најстариот и најблагороден ред на витештвото во земјата, чии членови биле сите четворица, додека капелата Свети Џорџ го претставува нивниот духовен дом.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk