logo
logo
logo

Пронашол прстен на плажа, КОЈ КРИЕЛ НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА

Vecer | 05.02.2021

Пронашол прстен на плажа, КОЈ КРИЕЛ НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА

Благодарение на детектор за метал, еден човек пронашол прстен кој исчезнал уште во 1987 година, а позади него се крие неверојатна приказна.

Џорџ Тејлор го пронашол прстенот на плажа во Шкотска, а на него забележал иницијали и доволно бил добар да го врати на вистинскиот сопственик.

Нему му помогнала неговата пријателка Лиз, и пребарувајќи низ документацијата и книгите, откриле дека прстенот и припаѓа на Дороти Никол од Броти Фери, која сега има 82 години и била омажена со Ендрју Никол.

Тие успеале да стигнат до ќерката на Дороти, Хилари на Фејсбук, а прстенот, кој исчезнал во 1987 година, успешно бил вратен на сопственикот.

Дороти веднаш го однела прстенот кај локален златар кој го заменил каменот и го исчистил, а сега е воодушевена што прстенот е повторно со неа, пренесува Дејли меил.

„Кога Хилари ми рече дека некој и се јавил дека го пронашол мојот веренички прстен, помислив дека не може да биде можно. Не очекував дека некогаш ќе го видам откако ми беше украден. Но, сега знам дека тоа е мојот прстен“, возбудено рече Дороти.

Прстенот и бил украден од нејзиниот дом во 1987 година додека биле во театар со сопругот.

Иако пријавиле кражба, полицијата никогаш не го открила идентитетот на крадецот.

Дороти рече дека нејзиниот сопруг починал пред четири години и дека би сакала тој да знае дека прстенот конечно и е вратен, особено затоа што тие се вериле додека тој бил уште студент, а тој го купил прстенот работејќи макотрпно додека работел.

Инаку Џорџ Тејлор често наоѓал работи на плажа, во 2015 година, исто така пронашол веренички прстен, за кој исто така ги пронашол вистинските сопственици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk