Производителите ја викаат „топла фикоа“: Знаете ли за што всушност служи фиоката на дното на шпоретот?

Поголемиот дел од луѓето во фиоката на дното на шпоретот чуваат алуминиумска фолија, метални капаци, калапи за слатки и слично. Без оглед на тоа што ставате внатре, сигурно не ја користите за она за што ја намениле произведувачите.

Оваа фиока всушност служи за да ги одржува јадењата топли. Таа е наречена од производителите „топла фиока" во која можете да ја ставите храната после нејзиното печење и таа ќе остане на температурата погодна за сервирање. Ако сѐ уште го чувате упатството за вашата рерна, проверете што пишува на него. Во најголем дел од нив се препорачува внатре да ја ставате топлата храна, додека пак ладната или онаа која била на собна температура, не може да се загрее.

Ако до сега не сте ја искористиле за оваа намена, тогаш вреди да испробате кога ќе приготвувате нешто за вашите гости, тие ќе доцнат, а вие сепак ќе ги послужите со топла и вкусна храна.

Поврзани

Најнови вести

Коментари