logo
logo
logo

Прогнозите не се добри: Што ќе правиме без кафе и шеќер?

Vecer | 19.09.2021

Прогнозите не се добри: Што ќе правиме без кафе и шеќер?

Според извештајот на Стокхломскиот институт, производството на шеќер и кафе може долгорочно да падне дури 59 отсто и тоа поради климатските промени.

Истовремено, производството на пченица би можело да се зголеми но недоволно за да се покријат недостатоците, се додава во извештајот.

Според извештајот, САД, Кина и Бразил поради зголемите температури ќе имаат огромен проблем на глобалните пазари на суровини. Климатските промени ќе ги нарушат долгорочните трговски текови низ целиот свет и ќе предизвикаат социјални пресврти и немири, пренесува Јутарни Лист.

Производството на пченка во САД може да се преполови на долг рок (2070-2099) порави високите температури кои ќе ги стават земјите што ги купуваат овие производи во непријатна положба. Производството на пченка во Русија и Канада пак, ќе се зголеми за 13, односно 17 отсто но тоа нема да биде доволно за да се покријат глобалните недостатоци.

Имено, овој извештај е објавен пред клучниот самит на ОН, COP26 кој треба да се оддржи во Гласгов наредниот месец. Извештајот ги повикува креаторите на политиките да не ги гледаат само сопствените национали интереси. Во ова истражување се земени во предвид растот на температурите што значи дека извештајот не ги вклучува и потенцијалните последици од екстремните временски случувања.

Заедничката земјоделска политика на ЕУ е во процес на реформи, со кои се обидува да поттикне оддржливо производство и да создаде предуслови за подобар одговор на сегашните и идните предизвици. Европскиот парламент, меѓу другото, смета дека најмалку 30 отсто од средствата за директни плаќања треба да бидат наменети за еколошки програми. Европратениците, исто така, се за постепено намалување на плаќањата на големите фарми, поддршка за малите производители и млади земјоделци, а предлагаат и формирање на советодавни услуги за земјоделските фарми во сите ЕУ земји членки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk