logo
logo
logo

Судот ја прогласил за мртва од 2017 - ОТИШЛА СО ЛЕКАР ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е ЖИВА

Vecer | 09.02.2021

Судот ја прогласил  за мртва од 2017 - ОТИШЛА СО ЛЕКАР ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е ЖИВА

Жана Пошаин од Франција по грешка била прогласена за мртва во 2017 година, а цело ова време досега таа се бори за „преродба“, бидејќи  сите нејзини официјални документи се - неважечки повеќе од три години.

Таа објасни дека нејзината „смрт“ е резултат на долготраен правен спор во кој учествувала поранешна вработена во нејзината компанија за чистење, која кулминирала откако апелациониот суд во Лион ја прогласил за мртва во ноември 2017 година.

- Отидов да се консултирам со адвокат, кој ми рече дека ќе се реши брзо затоа што бев со мојот лекар, кој потврди дека сум уште жива. Но, бидејќи е донесена законска пресуда, тоа не беше доволно - рекла несреќната жена.

Во 2004 година, била пријавена на суд од поранешна вработена откако била отпуштена затоа што нејзината компанија за чистење изгубила важен договор. На вработената и бил доделен надоместок во износ од 14.000 евра, кој никогаш не и е исплатен затоа што случајот бил воден против компанијата, а не против лице.

По пет години, следена нова тужба, но судот го отфрлил случајот.

Неколку години подоцна, таа го известила судот дека испраќала писма, но дека никогаш не добила одговор.. Според тоа, судот заклучил дека Пошаин починала.

На нејзиниот син и сопруг тогаш им било наредено да платат отштета. Како резултат на тоа, Пошаин била избришана од сите службени записи, а нејзините лични карти, возачка дозвола, банкарска сметка, здравствено осигурување и службени документи прогласени за неважечки за сите овие години.

Пошаин ја обвини поранешната вработена дека ја фабрикувал нејзината смрт за да добие отштета, додека адвокатот на поранешната вработена тврди дека токму таа се претставила дека е мртва не одговарајќи на писмата за да избегне плаќање на долгот кон жената.

- Немам документи, осигурување, не можам да користам банкарски сметки ... Иако сум жива, во моментов не сум ништо, нула. Морам да се борам сама, никој нема да го стори тоа за мене. Неверојатно е што ми се случува, бабата на мојот сопруг има 102 години и таа вели дека видела сè во животот, но никогаш вакво нешто“, заклучи 58-годишната Французинка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk