logo
logo
logo

Жешко лето

Продажбата на кондоми во Америка расте согласно бројот на вакцинирани Американци

Vecer | 05.05.2021

Продажбата на кондоми во Америка расте согласно бројот на вакцинирани Американци

Бидејќи стапката на вакцинација во САД продолжува да расте, Американците со нетрпение го очекуваат „жешкото жешко лето“ желно да излезат и да се дружат на многу поинтимен начин, што веќе се рефлектираше во вртоглавиот раст на продажбата на кондоми.

Според истражувањето спроведено од ИРИ, продажбата на кондоми во САД се зголемила за 23,4 проценти за само четири недели, од крајот на март до почетокот на април, што беше потврдено од компаниите за кондоми.

Сепак, трендот на раст не е забележан само кај кондомите. Компанијата „Скин“, која произведува кондоми и сексуални помагала, спроведе истражување за интимниот живот на Американците и откриле дека 39 проценти од испитаниците во 2021 година ја зголемиле својата сексуална активност во споредба со минатата година.

За многумина, ова не беше изненадувачко откритие бидејќи во обид да се заштитат од инфекции, многу самци поминаа повеќе од една година изолирани без никакви интимни врски и контакти.

Според порталот match.com, 71 процент од самците немале сексуални односи од почетокот на пандемијата.

Брита Бомхард, директор за маркетинг на компанијата „Church & Dwight“ за производство на кондоми, во изјава за Си-Ен-Ен, истакна дека „Младите од 18 до 24 години едвај чекаат да си го повратат социјалниот живот“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk