logo
logo
logo

„Продавница на чесноста“ во Швајцарија

Vecer | 22.03.2023

„Продавница на чесноста“ во Швајцарија

 Токму овде се наоѓа и „Продавницата на чесноста“, што според официјалната интернет-страница на пансионот во чиишто рамки таа работи, е прва од ваков вид во Европа.

„Оваа 'Продавница на чесноста' е првиот селски трговски објект во Швајцарија и Европа што целосно зависи од довербата и чесноста на купувачите. Самите го земате она што го сакате, ставате соодветна сума пари во плико, го ставате во приложената кутија за чесност и се чувствувате добро поради тоа!“, се вели во описот на пансионот „Гимелвалд“.

„Фората“ е во тоа што оваа продавница нема продавачи, камери, ни каков било надзор.

А, тука се нуди домашна рачна изработка, сувенири, храна и пијалаци. Многумина на интернет-просторот го фалат тој концепт, а други пак, велат и оти имаат слични продавници или фарми, како и дека тоа најверојатно нема да функционира на некои други места. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk