logo
logo
logo

Продаден накитот на ќерката на Наполеон за неверојатни 1,4 милиони евра

Vecer | 13.05.2021

Продаден накитот на ќерката на Наполеон за неверојатни 1,4 милиони евра

Накитот од посвоената ќерка на Наполеон во средата беше продадена на аукција во Женева за 1,4 милиони евра што значително ја надмина проценката на аукциската куќа „Кристи“.

Накитот се чува во истото семејство откако посвоената ќерка на Наполеон, Стефани де Бохар, го доби како подарок за венчавка во палатата Тилери во 1806 година.

Тој беше понуден на аукција по повод 200 години од смртта на Наполеон. Деветте парчиња накит - дијадема, ѓердан, пар обетки, два приврзока,брошеви, прстен и нараквица, се украсени со сафири и дијаманти.

Дијадемата која што е продадена за двојно повисока цена од проценетата е украсена со 38 сафири од Цејлон (денешна Шри Ланка) и е направена во раните 1800-ти.

Меѓу историските парчиња накит во средата на продажба беше и круната на португалската кралица Марија Втора (19 век) со голем сафир од Бурма (денешен Мјанмар) кој се продал за 1,61 милиони евра.

Спектакуларна цена од 8,2 милиони евра постигна белиот четвртаст дијамант од 100,94 карати, наречен „Спектакл“, избрусен од дијамант пронајден во 2016 година во Јакутија, Сибир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk