logo
logo
logo

ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Кралицата Елизабета има 95 години но и понатаму ужива во долги прошетки! (ФОТО)

Vecer | 05.12.2021

ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Кралицата Елизабета има 95 години но и понатаму ужива во долги прошетки! (ФОТО)

Во денешно време, многу луѓе живеат брзо и несвесно го занемаруваат своето здравје, и физички и психички.

На Инстаграм профилот на кралското семејство, принцот Вилијам ја откри важноста на менталното здравје, но и нешто што можеби досега не сте го знаеле за неговото семејство, ниту за кралицата Елизабета.

Има нешто во што сите подеднакво уживаат, а тоа е – прошетка:

– Целото мое семејство има страст за пешачење – без разлика дали е баба ми, која сè уште ги изведува своите корги на 95 години, татко ми кој одеше на долги прошетки во текот на летото, во Шкотска, или моите сопствени деца, кои го имаа своето прво појавување на нашата годишна прошетка до црквата на божиќното утро во Сандрингем – напиша принцот Вилијам и додаде:

– Со надеж дека ќе инспирирам неколку други луѓе да станат активни и да одвојат дополнително време за нивното ментално здравје, сакав да споделам неколку мои приказни и омилени песни со вас. Ќе објаснам како научив да ставам приоритет на моето ментално здравје, важна животна лекција, која ме научи да се сфаќам помалку сериозно и витална приказна за тоа како еден пријател ми помогна да научам подобро да слушам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk