logo
logo
logo

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се МНОГУ СТРОГИ СО ДАДИЛКАТА НА НИВНИТЕ ДЕЦА! Од неа се бара една работа

Vecer | 03.08.2021

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се МНОГУ СТРОГИ СО ДАДИЛКАТА НА НИВНИТЕ ДЕЦА! Од неа се бара една работа

За децата на војвотката и војводата од Кембриџ во нивно отсуство се грижи дадилката Марија Борало, која мора да ги почитува сите правила на кралското семејство, особено оние што се однесуваат на воспитувањето на нивните наследници.

Во својата книга, писателката Луиз Херен откри детали за воспитувањето на децата Кејт и Вилијам.

Таа наведува дека Борало мора да ги нарекува децата со правилните имиња, а не со жаргон и сленг, бидејќи тој на тој начин покажува посебна почит.

Принцовите Џорџ, Луис и принцезата Шарлот се подготвуваат за спиење околу 19 часот, а на секои пет дена во нивните менија се воведуваат нови оброци и намирници.

Кога немаат обврски, мораат да поминуваат време на свеж воздух, без разлика какво е времето надвор. Според Херен, децата обично возат велосипеди, работат градинарски работи и се дружат со кучињата.

Патем, Марија се школуваше на Педагошкиот универзитет, а по дипломирањето помина низ безброј обуки за да работи на толку важна позиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk