logo
logo
logo

БЕСПАРИ НЕ СЕ ЖИВЕЕ - Принцот Хари си најде работа

Vecer | 24.03.2021

БЕСПАРИ НЕ СЕ ЖИВЕЕ - Принцот Хари си најде работа

После интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл кај Опра, сега повторно тој е во фокусот на медиумите.  Како што објавија медиумите принцот Хари си најде работа, бидејќи нели останаа без приходи откако ги напуштија кралските должности.

Хари стана е еден од шефовите на стартап компанијата BetterUp од Силиконската долина, која создаде платформа за развој и обука на вработени.

Принцот Хари ќе ја преземе функцијата извршен директор на BetterUp. Хари треба да помогне, меѓу другото, во стратешки одлуки и добротворни активности, и јавно да ја претставува компанијата на теми поврзани со менталното здравје, пренесува Волстрит журнал.

Одговарајќи на прашањата, принцот Хари изјави дека „сака да помогне да се создаде влијание врз животот на луѓето. Проактивната обука обезбедува бесконечни можности за личен раст, свесност и квалитет на живот, објасни тој.

BetterUp е платформа која се занимава со настава, ментално здравје и развој на вработените, вклучително и образование преку е-учење. Ова е прва „вистинска“ работа на Хари откако тој и неговата сопруга - актерката Меган Маркл - одлучија засекогаш да го напуштат британското кралско семејство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk