logo
logo
logo

Принцот Хари искрено: СЕ ОПИВАВ ОД АЛКОХОЛ, а бев спремен и да користам ДРОГА, за да ми биде подобро

Vecer | 21.05.2021

Принцот Хари искрено: СЕ ОПИВАВ ОД АЛКОХОЛ, а бев спремен и да користам ДРОГА, за да ми биде подобро

Војводата од Сасекс, принцот Хари откри дека по смртта на неговата мајка принцезата Дајана, тој пиел алкохол за да се справи со траумата.

Тој во шоуто на Опра Винфри рече дека бил спремен и да користи дрога само за да се чувствува подобро, една деценија по смртта на Дајана во 1997 година.

Тој исто така зборуваше за нападите на анксиозност и паника кои што ги имал, и за погребот на неговата мајка, пренесува Би-Би-Си.

Војводата од Сасекс опиша дека периодот помеѓу 28 и 32 години бил кошмар во неговиот живот и дека во тоа време имал напади на паника и силна анскиозност.

„Не можев да се сконцентрирам. Секој пат кога ќе облечев костум и вратоврска, морав да го сторам тоа со сила. И пред да го напуштам дворецот куќата, бев влажен од пот. Или бев лут или не бев свој“, опиша тој. е Хари.

Војводата додаде дека опивал од алкохол во петок и сабота „не затоа што уживал во тоа, туку затоа што се обидувал да избега од нешто“.

За време на емисијата на Опра посветена на менталното здравје, Хари најпрво зборуваше за себе и за своите искуства. Како што рече, тој е решен да го прекине „циклусот на болка“, односно да не влијае на неговото родителство, а откри и дека бил и на терапија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk