logo
logo
logo

Принцот Филип СЕКОГАШ ЈА ЈАДЕШЕ ОВАА ХРАНА, дали тоа беше пресудно за долговечен живот

Vecer | 12.04.2021

Принцот Филип СЕКОГАШ ЈА ЈАДЕШЕ ОВАА ХРАНА, дали тоа беше пресудно за долговечен живот

Принцот Филип доживеа зрела старост, а многумина сметаат дека појадокот бил круцијален.

Тој беше во брак со кралицата Елизабета 73 години и се смета за најдолг кралски брак во историјата на Велика Британија.

Принцот седел на иста маса секое утро, и ги јадел истите јадења.

Секое утро појадувал во 8.30 часот и за тоа време слушал радио. Тој никогаш не ја кршел оваа дневна рутина и ги поминал и последните денови на тој начин.

Кафе и чај

Филип сакал да го започнува денот со кафе и лажица шеќер, додека кралицата пиела чај Ерл Греј.

Јадел овесна каша за појадок, а овесните снегулки морале да се чуваат во пластични кутии! На масата секогаш имало два вида мармалад, како и шише јаворов сируп. После тоа, тој пиел јогурт и јадел чинија свежо овошје.

Кога врнело, тие појадувале во приватните простории на првиот кат, каде што собите имаат поглед кон Бакингемската градина.

Секогаш кога седеле на нивно место, трпезата секогаш се поставуваше на ист начин. За време на појадокот разговарале за обврските што ги очекуваат.

Повторно се среќавале во 17 часот кога пиеле чај. Кралицата јадела сендвичи, а принцот торта.

Јадел сè освен остриги, а бил љубител на пиво.

Кога немале официјална вечера и гости, кралицата и принцот се облекувале порелаксирано. Филип јадел сè освен остриги. Тој претпочитал да пие пиво наместо вино и уживал во скара, која со задоволство самиот понекогаш ја подготвувал.

Кога наполни 90 години во 2011 година, Филип ги намали своите обврски и прифати само 330 официјални настапи годишно, а кралицата 370. За својот 95-ти роденден, тој одлучи да прифати само 219 обврски, но без да патува во странство.

Во мај 2017 година тој се повлече од јавноста, но никогаш не престана да ја следи кралицата на настани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk