logo
logo
logo

Принцот Филип беше ПОЗНАТ ПО ГАФОВИТЕ - Еве дел од нив

Vecer | 10.04.2021

Принцот Филип беше ПОЗНАТ ПО ГАФОВИТЕ - Еве дел од нив

Сопругот на британската кралица, принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина на 99-годишна возраст, ќе остане запаметен во јавноста по лапсусите и гафовите за време на официјалните посети.

Агенцијата Франс Прес направи ретроспектива на најголемите гафови на Филип.

Принцот Филип во 1984 година во Кенија,  додека една жена му подавала цвеќе рекол: „Благодарам, госпоѓо ... Вие сте жена, нели?“

„Ќе ме уапсеа ако имав патент како на овој фустан“, на шега му рекол принцот на полицаец во 2012 година, додека покрај нив минувала млада русокоса во провокативен фустан.

Принцот изнервира милиони домаќинки во 1966 година кога јавно рече дека „Британките не знаат да готват“.

„Изгледате како да се подготвувате за спиење“, му рекол Филип на претседателот на Нигерија Олусегун Обасанџо во 2003 година, кој бил облечен во традиционална носија.

По концертот на Том Џонс во 1969 година, Филип му честитал на пејачот, но со прашањето: "Со што ја плакнеш устата? Камења?"

За време на една вечер во Рим во 2000 година, италијанскиот премиер Џулијано Амато понудил италијанско вино, а Филип одговорил: "Нека ми донесат пиво. Не ми е гајле од каде е, само нека биде пиво".

„Не останувајте тука премногу долго затоа што ќе завршите со закосени очи“, им препорачал Филип на британските студенти во 1986 година за време на посетата на Кина.

Филип на една група за црни танцувачи во 2009 година им рекол: „Дали сте сите од исто семејство?“

И за време на посетата на Австралија во 2002 година, тој прашал еден од Абориџините: „Дали сè уште се тепате со копја?“

Принцот му рекол на еден студент по враќањето од Папуа Нова Гвинеја: „Значи, успеавте да не ве изедат!“.

Во 1994 година, Филип му рекол на еден богат жител на Кајманските острови: „Дали сите потекнувате од пирати?

Во 1999 година, при една посета на шкотска фабрика, принцот на работниците за неисправен електричен метар рекол: „Веројатно го правел Индиец“.

За време на рецесијата во 1981 година, Филип им рекол на невработените: "Не разбирам ништо. Прво сакате да имате повеќе слободно време, а сега се жалите дека немате работа".

„Колку луѓе излажавте со овој трик од утрово?“, прашал Филип човек во инвалидска количка во 2012 година.

Филип на посетата на институција за деца со попреченост, оркестар на млади луѓе кои се глуви, во 1999 година во Велс рекол: „Не е ни чудо што се глуви кога слушаат толку гласна музика“.

Принцот му рекол на 13-годишно момче кое сонувало да стане астронаут: „Многу си дебел, не можеш да леташ таму“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk