Принцот Чарлс има бизарни барања од својата послуга секое утро

Принцот Чарлс е наследник на британскиот престол, и како и секој принц има неколку членови од послугата кои му се на располагање 24 часа на ден. „Дејли мирор“ пишува дека Пол Барел, поранешниот батлер на принцот Чарлс и принцезата Дијана, изнел некои детали од приватниот живот на принцот кои тој веројатно не би сакал да ги прочита во весниците.

Принцот, имено, има бизарни барања од неговата послуга во утринските часови. Послугата секое утро мора да ги пегла неговите пижами, но исто така и врвките за чевли. Чарлс бара приклучокот во неговата када да биде во одредена положба, а водата за капење да има точно определена температура.

Сепак, најбизарното барање се однесува на неговото миење на забите. Тој има еден слуга кој секое утро му става паста на четката за миење заби.

 

Чарлс, сепак, не секогаш се однесува како иден крал. Барел вели дека принцот често ги терал синовите Вилијам и Хари сами да го собираат ѓубрето кога оделе на излет  во природа, дури и ако ѓубрето не било нивно.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари