logo
logo
logo

Принцезата Дијана планирала да купи куќа во Малибу и таму да ја најде слободата со своите синови

Vecer | 18.06.2021

Принцезата Дијана планирала да купи куќа во Малибу и таму да ја најде слободата со своите синови

Уште малку остана до денот кога, да беше жива, принцезата Дијана ќе го прославеше својот 60-ти роденден. По овој повод, ќе се случуваат разни настани во нејзина чест и пријателот Стјуарт Пирс споделува интересни детали за живот на непреболената принцеза.

„Принцезата Дијана толку многу ги обожаваше своите синови што, за разлика од останатото семејство, не би им замерила на принцот Хари и Меган Маркл што започнале нов живот во далечната Калифорнија“, откри Стјуарт Пирс, експерт за кралското семејство за „Us Weekly“.

„Сигурен сум дека ќе беше пресреќна со двата сина, бидејќи беше таква. Стоеше цврсто на земја и беше личност која сака хумор, а со него и животот“, вели Пирс, автор на „The Diana, The Voice of Change“, кој ѝ бил учител по пеење во периодот на нејзината смрт во 1997 година.

Токму тој ги сподели со јавноста деталите за тоа како самата принцеза Дијана, пред нејзината смрт, ги разгледувала вилите околу Малибу, поради што не бил изненаден од одлуката на Хари да се пресели во Монтесито.

„Често велеше дека сака да купи куќа во Малибу, верувајќи дека ќе биде одлично и за момчињата да имаат целосна слобода и да можат да научат да сурфаат“, вели Пирс кој смета дека одлуката на принцот Хари и Меган Маркл да се преселат во Америка е начин на кој ѝ оддале почит на Дијана и нејзината мисија да ја „разниша“ монархијата и да предизвика промени.

Слично на тоа, Пирс верува дека, за разлика од останатото кралско семејство, Дијана, да беше жива, ќе беше горда на Хари и неговите јавни настапи.

„Мислам дека нејзиниот глас беше глас на ослободување и токму тие го прават она што Дијана сакаше да го направи. Се разбира, многумина се вознемирени од потегот на Хари, но тоа е помалку важно“, се надоврза Стјуарт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk