Принцезата Дајана во јавноста секогаш одеше со наведната глава: Причината конечно е откриена

Тоа беше премногу голем терет за една личност како мене...

Доволен е еден поглед на старите фотографии на принцезата Дајана да се свати дека во јавноста најчесто главата ја држеше наведната.

За тоа и самата била свесна со што во едно интервју кое го дала на Ендрју Мортон во книгата Дајана: Her True Story - In Her Own Words открила зошто тоа го правела.

Како што рекла, и биле потребни шест години да почне да се чуствува пријатно во своја кожа откако премногу млада се омажила за принцот Чарлс.

"На на почетокот кога се појавував во јавноста, секогаш ја спуштав главата. Сега кога ќе ги погледам тие фотографии, изгледам мерзоволна, но не бев. Бев прешлашена", рекла.

"И како дете не бев мрзовлоно. Едноставно тоа не сум јас. Се плашев од вниманието кое го добивав и ми беа потребни шест години да почнам да се почуствувам во своја кажа, и сега сум подготвена да продолжам со тоа", рекла покојната принцеза.

"Во една минута бев никој и ништо, а во следната принцеза од Велс, мајка, играчка за медиумите, член на кралско семејство... Сето тоа беше премногу за една личност", рекла таа.

Секретарката на кралското семејство Дики Арбитер тврди дека тоа не била единствената причина зошто секогаш ја спуштала главата.

"Јас ја запознав три четири дена пред венчањето. Имаше само 20 години, луѓето ја викаа Срамежливка. Ди, ја спушташе главата за време на разговор. Но таа воопшто не беше срамежлива. Само ја мачеше нејзината висина од 178 сантиметри. Поради тоа ја спушташе кога разговараше со луѓето за тие да не се чуствуваат непријатно, како би била на нивно ниво", рекла Арбитер.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари