Привременото примирје меѓу принцот Вилијам и принцот Хари ќе продолжи се додека Хари не ги објави своите мемоари, пренесува Мирор.

Според кралски извори, врската на принцот Вилијам и принцот Хари „виси на конец“, и покрај нивното единство за време на погребот на Елизабета Втора. Упатените тврдат и дека примирјето меѓу браќата ќе продолжи се додека Хари не ги објави своите мемоари.

– Примирјето меѓу Вилијам и Хари е само привремено. Се уште постои сериозна недоверба во воздухот, а се уште нема причина за промена. Постои чувство дека нема смисла да продолжиме да ја обновуваме врската додека сите карти не се на маса – изјавил инсајдерот за Mirror.

Изворот додава дека постарите членови на кралското семејство, вклучително и кралот и принцот Вилијам, се „сè повеќе вознемирени“ од содржината на мемоарите на принцот Хари.

Во својата книга, војводата од Сасекс се очекува да ги сподели своите спомени од детството, неговата мајка и разводот на неговите родители, како и односот со неговиот татко, брат и маќеа. Претходно беше објавено дека принцот Хари нема намера да го одложи објавувањето на неговата книга, и покрај смртта на кралицата.