logo
logo
logo

„Преубава сум за да работам! Нема шанса цел живот да станувам во 6 часот наутро, НЕМА ШАНСА!'

Vecer | 07.12.2022

„Преубава сум за да работам! Нема шанса цел живот да станувам во 6 часот наутро, НЕМА ШАНСА!'

Луси Велчер е уште една меѓу морето млади самопрогласени инфлуенсери која ги разбранува страстите со својата изјава на социјалните мрежи.

Таа е толку самоуверена што изјавила: „Не сакам да работам до крајот на животот. Дали изгледа како да сакам да станувам во 6 часот наутро секој еб.. ден во следните 60 години? Не! Премногу сум убава за тоа“.

По таа изјава, оваа русокоса полека го испила своето ледено кафе, несвесна што всушност кажала. Иако, некои веруваат дека таа многу добро знае што прави и како да заработи. Таа собра над 10 милиони лајкови на TikTok.

@luluhasfun Not my thing🤣 #working #scam ♬ original sound - Lucy🌸

Не требаше многу време за да почне да добива коментари. Многумина ја нарекоа мрзелива и вообразена, а некои напишаа дека „навистина не е ништо посебно“.

„Се надевам дека ќе бидеш понижена девојка, ти треба такво нешто. Изгледот нема врска со работата и тажно е што имаш такво мислење“, ѝ напишал некој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LUCY WELCHER (@lucywelcher)

„то велиш на тоа  да се обидеш да бидеш возрасна наместо привилегирана принцеза која очекува животот да и биде подарен?“ кажа некој друг.

Еден маж дури и дал конкретна понуда.

- Можеш да ми бидеш домаќинка, заработувам милиони годишно. Ти само внимавај куќата да биде чиста, а храната да биде на маса секој ден – и понудил тој, како што пренесува New York Post.

Не се знае дали ја прифатила понудата, дали се двоуми околу тоа или мисли дека е убаваи за таа улога.

Фото: принтскрин инстаграм

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk