logo
logo
logo

Предизвик за љубители на пиво - ПРОИЗВЕДЕНО НАЈЛУТОТО ПИВО ЗА ГИНИС

Vecer | 15.03.2021

Предизвик за љубители на пиво - ПРОИЗВЕДЕНО НАЈЛУТОТО ПИВО ЗА ГИНИС

Гинисовиот рекорд за најлуто пиво на светот, наскоро би можел да биде соборен од страна на тројца поранешни студенти, предводени од Рај Париш, поранешен студент на факултетот по физика во Вашингтон и косопственик на пиварница.

Компанијата на Париш за производство на пиво во Федериксбург, објави дека ќе започне со продажба на пиво  во кое ќе се додава  Каролина Рипер ( една од најлутите пиперки во светот).

Иако оригиналното пиво „Сигнал еден“ никогаш не било анализирано, „Париш“ проценува дека новата верзија на пивото „Сигнал еден 2.0“ е приближно 70 проценти полуто.

Исто така, Париш откри дека Гинисовите рекорди во моментов немаат рекорд за најлуто пиво во светот.

Затоа, тој решил да го „сруши“ тој рекорд со пивото „Сигнал еден 2.0“, но му треба стручна научна и хемиска помош за да го собори овој рекорд.

Сега тие велат дека нивните откритија ќе бидат доставени до Гинисовата на рекорди во средината на март, а тие очекуваат да дознаат во рок од неколку месеци дали Сигнал еден 2.0 навистина ќе стане најлутото пиво во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk