logo
logo
logo

Правила за секстинг - безобразни пораки кои ги полудуваат мажите

Vecer | 21.05.2022

Правила за секстинг - безобразни пораки кои ги полудуваат мажите

Познатиот американски сексолог открива што треба да имаме на ум доколку разменува еротски пораки со партнерот.

Кога ќе добиете зелено светло да се вклучите во секстинг, важно е да бидете имагинативни, експресивни и директни, но без брзање: дури и оваа област на сексуалност има свои правила!

„Секстингот е одличен начин да се поврзете со некој што не можете да го гледате често, што е поважно сега од кога било. Без разлика дали сте во повремена или стабилна врска, постојат општи насоки за безбедност - и физичка и ментална“, рече сексологот д-р Сејди Алисон.

Според експертите, личниот стил на пишување на ваков тип на пораки варира од личност до личност, но некои правила се општи и треба да се имаат на ум пред да притиснете на Испрати.

Согласноста е најважна работа

Ова ви е добро познато ако некогаш од чист мир сте добиле фотографија со нечии гениталии.

„Секстингот може да направи да се чувствуваме несигурни, малтретирани и загрозени“, вели д-р Алисон.

„Затоа е важно да добиете не само одобрување, туку и ентузијастичко одобрување од вашиот партнер, тоа е важен дел, дури и ако претходно сте имале врска“.

Значи, ако вашата сопруга експлицитно не ви кажала дека сака фотографија од вашето меѓуножје, не и испраќајте!

Не престанувајте да размислувате за согласност!

Релаксацијата е важна, но почитувањето на туѓите граници и желби е неопходно.

Затоа одвреме-навреме прашајте ја другата страна дали сака да продолжите - дали е во ред да ја споделите вашата фантазија, желба, фотографија со неа ...

Одете чекор по чекор

Дури и кога добро се познавате и имате заедничко искуство во пишувањето пораки, д-р Алисон предлага да започнете полека и постепено.

“Кажете им што особено ви се допаѓа кај таа личност, што ве возбудува, па продолжи понатаму“, истакнува таа.

Без алкохол за време или пред секстингот

Кога повеќето одлуки се носат, оние што се однесуваат на „безобразни“ преписки треба да се носат во трезвена состојба.

„Често жалиме за одлуките што ги носиме под дејство на алкохол, особено за оние што ги надминуваат границите. Отстранете го телефонот или привремено блокирајте го бројот на кој би му напишале“, советува таа.

Исклучете го preview

Повеќето апликации за инстант пораки имаат опција да го видат почетокот на пораката на екранот во моментот кога ќе пристигне - и тоа мора да се исклучи! Инаку, луѓето кои често користат секстинг може да добијат порака за „валкана“ содржина во време кога екранот на телефонот е блиску до љубопитните очи.

Извор:

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk