logo
logo
logo

Правела селфи додека автомобилот и тонел! ЕДВАЈ ЈА СПАСИЛЕ (Видео)

Vecer | 19.01.2022

Правела селфи додека автомобилот и тонел! ЕДВАЈ ЈА СПАСИЛЕ (Видео)

Канаѓанка која е спасена откако нејзиниот автомобил потонал низ река покриена со мраз се соочува со остри критики затоа што правела селфи додека животот и бил во опасност.

Жителите во близина на реката Ридо користеле кајаци и јажиња за да ја извлечат жената од реката, но таа претходно направила селфи на врвот на автомобилот што тоне.

Официјални претставници на полицијата во Отава изјавиле дека автомобилот поминал низ мразот на јужниот крај на реката во предградието Манотик во неделата околу 16:30 часот.

Auto

Автомобилот возел по замрзната река, според очевидци, кои рекле дека минувал низ мраз и студена вода, пренесол CTV News.

Кога ја виделе жената како се качува на врвот од возилото кое полека тонело во водата, мештаните побрзале да ја спасат.

 

 

На видеото се гледа еден маж кој живеел во близина влече кајак со жена на него, додека нејзиното возило веќе потонало.

Меѓутоа, додека чекала помош, изгледа не се плашела од опасноста во која се наоѓала, па направила и насмеано селфи.

- За среќа, без повредени и неверојатна работа на мештаните кои го спасија возачот користејќи кајак и брзо и безбедно размислување. Уште едно потсетување дека „нема безбеден мраз“. Бидете исклучително внимателни оваа зимска сезона! – објавила полициската управа преку твит.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk