Пратила разгледница до банката, парите ќе им ги врати кога ќе се снајде во Италија

Жителка на Крагуевац, Србија која заминала во странство, испратила разгледница до банката за да и се заблагодари на земениот кредит и да ги извести дека ќе ги врати парите дури кога ќе се снајде во Италија.

Медиумите во регионот пишуваат за овој невообичаен случај, коментирајќи дека луѓето се подготвени буквално на се кога немаат пари.

„Ви благодарам што на мене и на мојот жирант ни овозможивте да заминеме за Црна Гора, а потоа и во Италија. Се извинуваме поради непријатностите кои што ги предизвикавме. Кредитот со камата ќе го вратиме кога ќе се снајдеме во Италија“, пишува на разгледницата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари