Познатиот готвач Ентони Бурден Трамп би го .....!

Светскиот познат и признат готвач Ентони Бурден изјавил дека би го "успал" Доналд Трамп, ако во некој случај би бил ангажиран за готви за претседателот на САД. Ист рецепт Бурден би подготвил и за лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун.

Имено, Бурден на прашањето што би ги ослужил Трамп и севернокорејскиот лидер, дал крајно шокантен одговор – кукуту.
Инаку, кукуту е отровна билка
Позната е дека античкиот филозоф Сократ, откако е осуден во родната Атина, под обвинение дека ја "расипува младината", завршил испивајќи кукуту.

Откако неговата изјава предизвикала внимание во јавноста, Буреден се обидел да се оправда истакнувајќи дека мислел да каже кељ наместо кукуту. Вероватно да ја одбегне судбината на Кети Грифин која на CNN неодамна е отпуштена поради позирање со крвава глава која личела на Трамп.

Меѓутоа, не е прв пат познатиот готвач лошо да зборува за Трамп. Бурден, кој во една прилика во своја емисија вечерал со Обама, рекол дека со сегашниот претседател Трамп не би вечерал ни кога би му се дала прилика.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари