Ѕвездата на филмот „Џуно“, која некогаш ја познававме како Елен Пејџ, се подложи на промена на операција на полот и сега е Елиот Пејџ. Освен тоа таа направи и операција за отстранување на ткивото на дојките за да го постигне посакуваниот помажествен изглед.

Актерот Елиот Пејџ на Инстаграм се пофали со првата фотографија во шорц за капење на која го покажа своето тело, пет месеци откако објави дека го сменил полот и два месеци откако изјави дека е опериран за отстранување на градите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @elliotpage

Бројни колеги и познати личности му дадоа целосна поддршка, а меѓу коментарите се издвојуваат оние Мајли Сајрус, Нине Добрев и колегите од серијата „Umbrella Academy“, Џастин Корнвел.

„Тоа целосно го смени мојот живот“, изјави тој за списанието „Тајм“, додавајќи дека операцијата го ослободила од тоталниот пекол низ кој поминувал за време на пубертетот и му дозволил конечно да се погледне во огледало.

Инаку, Елиот се разведе од сопругата Ема Портнер во јануари годинава по три години брак. Иако Ема поддржуваше сè низ што минуваше, љубовта меѓу нив не успеа. Поранешната двојка истакна дека остануваат блиски пријатели и се почитуваат едни со други, но дека секој ќе си го тера својот пат.